За нас

KРЕАТИВА.инк e брзорастечка, динамична и иновативна компанија.

Позиционирана е во B2B сегментот со продажба на тонери како компатибилни така и оригинални (HP, Xerox, Samsung, Canon, Epson, Lexmark, Ricoh, Oki, Kyocera и други). Во нашата понуда покрај продажбата на единечни производи нудиме и комплексни принтинг решенија, почнувајки од малите и средни правни субјекти па сè до големите компании, грижејќи се за нивните трошоци во работењето.

Покрај продажбата на тонери, не помалку важна е и понудата на Компјутерска опрема, хартија и канцелариски материјали. Благодарејќи на ваквото портфолио остваруваме завидни резултати во продажбта, пред сè имајќи го во предвид квалитетот и цената на тонерите.

КРЕАТИВА.инк во своето работење користи проактивен пристап кон своите клиенти, со кои развива долгорочна соработка базирана на принципот на меѓусебна доверба, како и почитување на нивните потреби и интереси. КРЕАТИВА.инк е компанија која ги поместува границите во квалитетот на услугите, поставува нови трендови, а со тоа создава и додадена вредност како во односот со клиентите така и во нивното работење.

Својата единствена позиција и брзиот раст, КРЕАТИВА.инк ја гради врз темели на исклучително познавање на деловните процеси. Нашата посветеност и професионалност ни овозможи да создадеме значителна база на клиенти за релативно краток период.. Со тоа успеавме да ја завземавме лидерската позиција на пазарот во рамки на понуда на Тонери и Принтинг решенија, обезбедувајќи компетитивна предност што се огледа во високиот квалитет на производите и услугите и единственост по однос на брзината во доставата.

Сето тоа го постигнуваме со голем ангажман, посветеност и квалитет на нашите вработени, кои се значаен столб на нашата компанија. Развој на нивниот потенцијал, едукација и напредување во кариерата, се дел од стартегијата на нашата компанија во високото конкурентно опкружување. Негувајќи тимски дух и инвестирајќи во знаењето, градиме стабилна компанија чиј приоритет е постојан квалитет во своите услуги.

Со сите овие карактеристики ние сме синоним за успешна и одговорна компанија, докажана на македонскиот пазар.

Тонери: 09-17 Часот

(02) 32 221 32
076 296 256
075 318 280
076 275 130
076 275 128
076 275 129
sales@kreativa.ink

Сервис: 09-17 Часот

(02) 32 221 32
075 296 257
service@kreativa.ink

Нарачај On-Line!

(02) 32 221 32
076 296 256
sales@kreativa.ink